Проект за развој на социјалното претприемништво „Отвораме можности“

- Advertisement -

Развој на социјалното претприемништво преку градење капацитети и менторирање, креирање политики, вмрежување и пилотирање на конкретни мерки има за цел проектот „Отвораме можности“.

Проектот денеска ќе го претстават Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. и хрватското Здружение за креативен развој СЛАП.

Проектот предвидува и регрантирање за невладините организации за формирање социјални претпријатија со цел инклузија на лицата од маргинализираните заедници на пазарот на трудот, со особен акцент на Ромките.

- Advertisement -

Во рамките на проектот ќе се работи и на креирање локални политики за отворање социјални бизниси преку изготвување локална стратегија и акциски план за Град Скопје. Проектот е финансиран од Европската унија.

Сподели!
- Advertisement -