Виена светски лидер според квалитет на живот, Скопје на 161. место

- Advertisement -

Истражувањета на американската консултантска фирма Мерсер наречена Mercer’s 2018 Quality of Living Rankings покажаа дека градот Виена и во 2018 година останува најдобриот град по квалитетот на живот.

При рангирањето на градовите, земени се предвид неколку фактори, а категориите поради која Виена ја предводи листата на Мерсер се безбедноста, ефикасниот јавен транспорт и различната културна понуда.

Австриската престолнина деветта година по ред ја предводи ранг листата на Мерсер, на која се наоѓаат 231 град. Останати градови кои се рангирани веднаш зад Виена се Цирих, Окланд, Минхен и Ванкувер, додека на дното е јеменскиот главен град Сана.

- Advertisement -

Главниот град на Македонија – Скопје е рангиран на 161. место, што е пад од две места во однос на 2017 година.

Што се однесува на градовите од поширокиот регион, најдобро рангирана си:

- Advertisement -

Љубљана (75 место),

Атина (86),

- Advertisement -

Загреб (98),

Букурешт (107),

Софија (116),

Истанбул (134),

Белград (139),

Сараево (159) и

Тирана (176).

Од првите десет места во класификацијата – осум припаѓаат на европски градови, кои според Мерсер пружаат најдобар квалитет на живот.

Компанијата Мерсер при класификацијата зема предвид 39 критериуми од криминал до управување со отпади, транспорт, електроснабдување, телекомуникациските услуги и клима. Целосната ранг листа може да ја погледнете на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -