ФОТОГАЛЕРИЈА: Отворен најголемиот шопинг центар во Европа!

- Advertisement -

Шопинг центарот Westfield во Лондон, кој се прошири и сега се простира на 242 000 метри квадратни, официјално е најголемиот шопинг центар во Европа.

- Advertisement -

До сега најголем беше шопинг центарот Avipark во Москва кој се простираше на 230 000 метри квадратни кој пак сега падна на второто место, додека пак на третото се наоѓа Westgate во Загреб кој има 226 000 метри квадратни од кои само 100 000 метри квадратни се продажен простор.

Проектот за проширувањето на Westfield во Лондон чинел 680 милиони евра, а делот од проширениот простор е отворен шест месеци пред предвидениот рок.

- Advertisement -

Проширувањето на овој шопинг центар значи и создавање на нови осум илјади работни места со што вкупниот број на вработени ќе достигне 20 000. Еден од попознатите брендови кои се промовираа со проширувањето е John Lewis чиј продажен простор се протега на четири ката, додека пак другите брендови ги вклучуваат H&M, The White Company, Ugg и Cath Kidston.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -