Canabio, хрватскиот центар за лекување со медицински канабис, се отвора во април

- Advertisement -

Отворањето на Canabio, хрватскиот центарот за медицински велнес и енергетска терапија со масло од медицински канабис официјално е закажано за април годива, а ќе биде отворен во склоп на LifeClass бањите Св. Мартин во Хрватска, пренесува Poslovni Dnevnik

Станува збор за проект на три компании од Хрватска, Словенија и Австрија кои со овој потег ќе ѝ го зголемат бројот на ноќевања на бањата и ќе донесат клиенти од цел свет. Иницијаторот на идејата и носителот на проектот е словенечката компанија Sigma Plus која воедно ќе биде и добавувач и производител на маслото од канабис. Компанијата Iqcure Better Life од Хрватска чиј основач е австриската Iqcure International, е компанија специјализирана за медицински велнес и има свој центар во LifeClass бањата во Св. Мартин, а во склоп на нивното работење раководи и со поликлиниката Medvital.

LifeClass бањата Св. Мартин ќе биде задолжена за услугите како сместување на клиентите и понуда на услуги за здрав стил на живот како здрава храна, здрави активности, велнес услуги, термална вода итн.

- Advertisement -

„Нашиот центар има примарна улога да ги услужи луѓето кои ги поминале терапиите на класичната медицина, хемотерапија, радијација и слично, третмани кои многу се одразуваат на нивната психофизичка состојба и потребна им е терапија за ревитализација, враќање на енергијата и намалување на ризиците од враќање на болеста.“, изјавил Бранимир Блајиќ кој е директор на центарот, објаснувајќи дека првично се фокусирани на пациенти со онколошки дијагнози.

За почетокот на работата на центарот, ќе користат два типа на масло од медицински канабис произведено во Канада кои моментално ги има на хрватскиот пазар и можат да се користат за лекување на пациентите со онколошки дијагнози, по препорака на онколог. Понатаму, словенечката компанија Sigma Plus ќе го добавува маслото, а моментално се во процес на добивање сертификат за производот.

- Advertisement -

 

- Advertisement -

Како што стои на веб страницата на компанијата, проектот Canabio бил започнат и во Словенија во 2014 година од Sigma Plus со цел самостојно одгледување и екстракција на масло од медицински канабис. Производот Canabio е изграден од органски одгледани билки со врвен квалитет. Производите, како што појасниле од Sigma Plus, „можат да се користат за третирање на низа на состојби како видови на рак, реуматиден артритис и остеоартритис, мултиплекс склероза, дијабет, епилепсија, псоријаза итн.“

Исто така, нивните масла можат да се произведуваат и за индивидуална потреба врз основа на резултати од анализа на крвта на пациентот. Договорот со бањата во Св. Мартин го потпишале во 2016 година, а потоа им бил одобрен и патент на производот во Словенија. Нивните производи моментално се пласирани и во Македонија каде имаат купено и земјиште за одгледување на медицински канабис, а планираат производството по еко – стандарди да го започнат и во централна Европа, но за сега немаат откриено точна локација.

Овие податоци словенечката компанија ги објавила со цел собирање капитал преку ICO (Initial Coin Offering), процес преку кој до сега имаат собрано 40 милиони долари. Во својот центар во Словенија спроведуваат и други терапевтски методи како интравенозна терапија со витамини. Се одлучите за отворање на центар во Хрватска бидејќи во Словенија условите за користење на масло од медицински канабис се поригорозни.

Директорот на бањата очекува многу од овој проект, а најмногу поради зголемувањето на бројот на ноќевања според престој.

„Просечниот престој на еден турист во бањата е околу 2,5 дена што е малку, но со овој производ очекуваме продолжување на просечниот престој кој ќе го нудиме во пакети во траење од 14 до 28 дена. Со производот сакаме да го надополниме нашиот центар за медицински велнес и да станеме првиот healthness центар во Европа.“, додал директорот Блајиќ.

За цените моментално се шпекулира во хрватските медиуми, но официјално ќе бидат објавени од центарот пред отворањето на истиот за неколку дена. Иако се очекува дека цените ќе бидат доста високи, веќе постои интерес за ваквиот вид на третман. Од центарот целат кон привлекување на пациенти од Русија, Велика Британија, северна Европа и арапските земји, а веќе ги одржале првите презентации во Москва каде добиле не само позитивни реакции, туку и потенцијални договори за соработка.

Услугите и капацитетите на центарот односно LifeClass бањата Св. Мартин, можат да се погледнат на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -