Starbucks нуди 10 милиони долари награда за тој што ќе дизајнира разградлива чаша за кафе

- Advertisement -

Пластиката за еднократна употреба e огромна причина за натрупувањето отпад, особено тој што завршува во океаните и го уништува морскиот свет, а потоа стигнува и до водата за пиење. ДОбар дел од проблемот потекнува од хартиените чаши за еднократна употреба. Многумина мислат дека тие чаши се рециклираат, но, всушност, имаат тенок слој пластика за да бидат водоотпорни. Повеќето фабрики за рециклирање не можат да го отстранат тој слој и чашите завршуваат во обичниот отпад.

Starbucks сега работи заедно со Closed Loop Partners и со организацијата која промовира рециклирање и развој на одржлива потрошувачка стока Center for the Circular Economy. Според некои нивни статистики, околу 600 милијарди хартиени и пластични чаши во светот се дистрибуираат секоја година. Starbucks тврди дека тие се одгворни само за 1% од тој отпад, но тоа сепак се 60 милиони чаши годишно. Затоа сакаат да ги поттикнат луѓето на иновативност за да го решат тој проблем.

- Advertisement -

NextGen Cup Challenge е натпревар во кој компанијата нуди 10 милиони долари за некој поединец или група кои ќе осмислат некоја разградлива чаша, пишува Green Matters. „Преку ова партнерство ќе ги поттикнеме иноваторите и претприемачите со финансиска, техничка поддршка и експертски ресурси за брзи глобални решенија. Ќе им помогнеме тие решенија да се најдат на полица и во системот за рециклирање и назад во набавниот синџир“ велат од Closed Loop Partners.

Тимот за истражување и развој на Starbucks и самиот работи на решавање на истиот предизвик со развој на водоотпорен слој за чашите кој ќе биде биоразградлив. Тие велат дека моментално тестираат модел направен делумно од материјали на растителна база, но мора да ги исполнат стандардите за здравје и безбедност кога се служат топли пијалаци. Чашите кои моментално ги користи компанијата се направени од 10% рециклирани влакна и може да се рециклираат во неколку фабрики.

- Advertisement -

„Беруваме дека решението ни е пред нос и тоа не само за чашите, туку и за други примени како ‘зелени’ сламки во иднина“ велат од Starbucks.

Сподели!
- Advertisement -