И покрај потенцијалот да бидат интересен производ за корисниците, Google Glass привлекоа само малку внимание. Јапонската компанија за електроника Panasonic на очилата за засилена реалност им дава уште една шанса со своите Kronosys, кои дебитираа на конференцијата за технологија во Тексас. Изгледот им е сличен со Google Glass, но наменети се да ги обучуваат вработените, а не се за секојдневна употреба.
Во видеопрезентација беа претставени можностите на уредот во една современа кујна. Шефовите кои се на обука во кујната можат да носат вакви очила за да следат инструкции, додека камерите им овозможуваат на менаџерите да ги следат перформансите на вработените. Освен тоа, опцијата за поврзување на облак овозможува да се зачуваат податоците од очилата, да се идентификуваат пречките во ефикасноста во кујната и да се креира подобра работна средина. Од Panasonic велат дека Kronosys е задолжителна алатка за на работното место, особено за луѓе кои работат под притисок и на високотехнички позиции.