- Advertisement -
Македонскиот јазик е еден од новите 39 јазици на кои отсега е достапна апликацијата Google Maps благодарение на најновата надградба. Отсега македонските корисници ќе можат да откриваат локации во својата непосредна близина на мајчин јазик.
Google деновиве објави преку блог дека на Google Maps македонскиот доаѓа заедно со други јазици за кои проценува дека ги зборува население од вкупно 1,25 милијарди.
- Advertisement -
Се работи за низа од јазици меѓу кои: албански, арменски, босански, хрватски, чешки, дански, фински, индонезиски, норвешки, персиски, српски, свахили, шведски итн.
Апликацијата Google Maps првпат беше претставена пред 14 години и според податоците од Google, истата има над 1 милијарда корисници.
- Advertisement -