ЕБРД организира обука за жени во бизнис “Лидерство во акција“

- Advertisement -

ЕВРД организира четири дневна обука наменета за жени во бизнис “Лидерство во акција-Бидете агент за промени“ која ќе се одржи на 16-17 април и 10-11-ти мај 2018 во Скопје

Обуката дава комплетен преглед на лидерството и на тоа како да се искористат лидерските техники за да се постигне долгорочен успех во бизнисот. Нуди суштински вештини, ресурси и техники за ефективно лидерство и менаџмент за жени претприемачи. Ако водите сопствен бизнис и сакате да ги унапредите своите лидерски вештини, оваа обука е за вас. Таа ќе ви помогне да ги усовршите вашите лидерски вештини. На крајот на четиридневната обука, ќе се здобиете со следните способности:

  • Да креирате свесност за улогата на жените лидери и лидерството
  • Да ги разберете различните лидерски концепти и да ги препознаете специфичните предизвици за жените лидери
  • Да го идентификувате и планирате својот најдобар личен лидерски стил
  • Да изградите вештини за дефинирање на личните и деловните цели (визии, годишни таргети, краткорочни цели)
  • Ефективно да комуницирате во компанијата и со надворешните акционери, со особен фокус на комуникација со комерцијалните банки со цел надминување на препреките за полесен пристап до финансии
  • Да ги подобрите преговарачките вештини и подобро да се справите со културолошките и половите предизвици
  • Успешно да ги користите методите за градење на мрежа од соработници
  • Ефективно да комуницирате со своите бизнис партнери и акционери користејќи социјални медиуми.

Обуката е базирана на најдобрите светски практики и на широките експертски знаења. Таа е интерактивна и вклучува практични вежби и примери од секојдневниот живот. Ве води низ лидерските пристапи и стилови од почеток до крај. Обучувачите се искусни  експерти и лидери, кои ја осознале разликата која лидерството може да ја направи.

- Advertisement -

Обучувачи ќе бидат Зоран Витанов и Елена Антоновска.Тие беа избрани поради нивното искуство во областа на лидерството и поради нивното знаење за тоа што значи успешно водење на една компанија и што треба за да  се инспирира раст на истата.

За дополнителни прашања ве молиме испратете е-маил на petricht@ebrd.com или јавете се на +389 2 3135 078.

Сподели!
- Advertisement -