Обвивката Edipeel ги одржува овошјето и зеленчукот свежи четири пати подолго

- Advertisement -

За да ги зачуваме свежи овошјето и зеленчукот ги ставаме во фрижидер. Но, што кога би имало алтернатива за тоа? Тоа прашање ја инспирирало компанијата Apeel Sciences од Санта Барбара да го создаде Edipeel, заштитен слој направен од протеини екстрахирани од растенија, а кој се става по берењето . Извршниот директор и основач на компанијата, Џејмс Роџерс, вели дека овој производ формира микроклима околу секое парче овошје или зеленчук за да трае најмалку двапати подолго отколку што би траело кога не е третирано.

Денес гладот е глобален проблем, а со оглед на порастот на популацијата на Земјата, човештвото мора да пронајде начин да прехрани 10 милијарди луѓе. Роџерс кога ја добил идејата почнал да истражува и дознал дека не е толку проблем наоѓањето храна, колку што е одржувањето на храната и заштитата од расипување. Тој дознал дека овошјето и зеленчукот се расипуваат бидејќи губат вода и поради оксидација. „Веднаш ми текна како луѓето можат да го решат овој проблем. Исто како што луѓето го заштитуваат челикот да не рѓосува. Металурзите го решија проблемот со челикот така што создадоа нерѓосувачки челик со додавање некои елементи како хром или никел“ вели Роџерс.

- Advertisement -

Edipeel создава невидлива бариера за да го задржи кислородот надвор, а водата внатре во овошјето и зеленчукот. Компанијата Apeel комбинира масла од растенијата и ги меша во зависност од типот на храната. Резултатот е прав кој Apeel го меша со вода и го прска на површината на храната. Како што се суши создава микроклима за секое парче овошје или зеленчук и така тие траат 2, 3, 4 пати подолго од вообичаено.

Доколку помислувате дека сигурно се работи за некои штетни хемикалии кои технички ги има во некоја храна, Роџерс својот производ го прави сосема природно. „Не сме некоја голема хемиска компанија за да создаваме некоја хемикалија со која ќе го решиме проблемот. Ние тоа го гледаме од перспектива како да работиме со природата за да го решиме проблемот на правилен начин. Не на евтин начин, не на брз начин, не на начин со кој ќе и наштетиме на природата“ објаснува Роџерс.

- Advertisement -

Екстрактите во Edipeel може да се добијат од било кое овошје или зеленчук. Доколку нешто расте над земјата, може да се искористи за да се направи Edipeel. Бидејќи расипливоста на храната скапо ги чини трговците, од Apeel велат дека на трговците ќе им биде поскапо да не го купат Edipeel отколку да го купат.

Сподели!
- Advertisement -