Девет бесплатни апликации кои веднаш ќе ви го олеснат секојдневието

- Advertisement -

Денес веќе ретко кој не користи мобилни апликации. Истражувањата покажале дека Американците просечно трошат по три часа дневно користејќи мобилни апликации. Кога веќе поминувате толку многу време користејќи апликации било за работа, забава или релаксација, подобро е кога тоа ќе ви се исплати, зарем не?

Без разлика дали ќе се бесплатни, иницијално вклучени во телефонот или пак чинат до 10 долари, секој би сакал апликацијата да му влијае позитивно на секојдневието со тоа што ќе имаат функции различни од останатите апликации. Од апликации за поедноставување на рутините за релаксирање до апликации за забава, следниве апликации се наменети и за Android и за iOS.

- Advertisement -

1. Duo

Можеби имате iPhone и барате алтернатива за апликација за видеоповици или пак користите Android уред, но не сте задоволни од Skype сервисот. Инсталирајте ја Duo, решението на Google кое е алтернатива на апликацијата Facetime. Достапна за iPhone и Андроид, со Duo можете да остварите видеоповици со кој било корисник на апликацијата и со телефонски број. Едноставна е за користење и постои можност за надградба именувана како Knock Knock, која ви го овозможува да го видете во живо оној што ве повикува уште пред да одговорите на повикот.

- Advertisement -

2. Hours Keeper

- Advertisement -

Да бидете сам свој газда носи одредени бенефити, но следењето на изгубеното време не е еден од нив. Оваа апликација го поедноставува процесот на организирање на времето кое го трошите на неколку клиенти и ви овозможува да ги сортирате часовите на платени периоди и да креирате сметки за неколку секунди со готовиот PDF документ кој ви го нуди. Рачно можете да ги внесете работните часови или да го овозможите автоматското подесување за часовите кога ги започнувате и завршувате работните задачи, што ви овозможува на крајот да останете фокусирани и да го искористите времето максимално.

3. Healthy Living

Дали веќе консумирате повеќе органска храна? Одлично. Сѐ повеќе посветувате внимание на етикетите за хранливи вредност? Супер. Но, што се случува доколку се запрашате што сѐ содржат останатите производи кои ги користите секојдневно како шампонот или кремот за бричење? Кого да прашате? Инсталирајте ја Healthy Living апликацијата на EWG (Environmental Working Group) која ќе ви ги појасни состојките на овие производи. Можете да го пребарате производот според името, да го скенирате бар кодот или да одберете некој од најпребаруваните производи во апликацијата.

4. Square Cash

Една од најновите опции на дигитален паричник на пазарот, оваа апликација ви овозможува инстантно праќање на пари на било кој што ја користи апликацијата, како и помеѓу различни банки преку е-маил, порака или “Cashtag”, како и персонализирана веб страна преку која можете да добивате и да испраќате пари. Вашиот профил е поврзан со вашата дебитна картичка, значи нема посебна сметка за пари за која треба да водите сметка. Бонусот на апликацијата е тоа што компаниите можат да прифаќаат уплати од своите клиенти преку апликацијата без паричен лимит.

5. Parking Panda

Грижата за тоа дали ќе најдете слободно паркинг е нешто што сите возачи го искусуваат на дневна база. Со инсталирање на апликацијата Parking Panda, за само 90 секунди ќе можете да пронајдете слободно паркинг место близу локацијата до која патувате. Истата ви нуди мапа со цената на секое од паркинг местата, кое можете да го платите однапред и да добиете гаранција дека ќе биде слободно кога ќе пристигнете таму.

6. Evernote

Доколку константно имате потреба од апликација за забелешки или фолдер со зачувани страници, време е да ја испробате апликацијата Evernote која се претвори во стандардна апликација помеѓу апликациите за продуктивност и дигитални нотеси. Апликацијава го собира сето тоа кое сакате да го зачувате и да го запаметите во една дигитална платформа која е со вас каде и да одите. Креирајте забелешка, скенирајте рачно напишана забелешка или копирајте веб линк, а сето тоа ќе биде зачувано според одреден таг со кој можете да му пристапите подоцна од кој било уред на којшто сте најавени. Оваа апликација дури е овозможена и за телефоните кои користат Windows оперативен систем.

7. Dashlane

Оваа апликација ги чува сите ваши лозинки во својата дата база, идентификациони броеви и лични податоци, како и информации за плаќањата вршени со вашата кредитна картичка. Исто така, апликацијата ќе ви генерира безбедни лозинки за да не морате повеќе да користите една иста лозинка на повеќе места. Дополнителен бенефит се согледува кога ќе сакате да нарачате нешто онлајн, со тоа што апликацијата за неколку секунди ќе ги пренесе сите ваши информации потребни за да се изврши уплатата. Апликацијата е бесплатна само доколку се користи на еден уред.

8. Keelo

На сите ни недостига време за вежбање и секогаш се обидуваме да го искористиме максимално она што го имаме, зарем не? Keelo го разбира ова бидејќи во својот систем има имплементирано т.н. high-intensity interval training (HIIT), кој ви нуди кардиовежби и вежби за сила и кондиција кои можете да ги извршите од 7 до 20 минути дома. Не само што ви генерира план за вежбање според вашите желби, туку и ви спелува како точно да ги изведувате предвидените вежби. Доколку имате iPhone, постои можност да ја синхронизирате апликацијата со Apple Health и да ги следите резултатите. Се чини дека повеќе немате изговори за да не вежбате редовно.

9. Headspace

Откако ви понудивме неколку корисни апликации за паметно искористување на времето, за крај ви препорачуваме апликација со која ќе можете да си го релаксирате умот. Доколку се соочувате со проблемот да не можете да ги изолирате околните звуци, Headspace може да ви биде водич. Директори од Wall Street, олимписки атлетичaри, па дури и могули како Ричард Брeнсон и Ариана Хафингтон се дел од 10 милиони корисници на апликацијата. Бесплатната Take10 програма ве опушта со предлог вежбите за медитација од 10 минути дневно во рок од 10 дена, додека пак целосната регистрација ви отвора повеќе можности за вежби за релаксација на умот. Наместете ја на начин приспособен на она што ви е приоритет и уживајте во бенефитите кои ви ги нуди за контрола на дишењето и медитација.

Сподели!
- Advertisement -