Дарко Нашков е извршен менаџер на компанијата „Ларс“ во Штип, која цели 27 години преработува зеленчук. Во производството на корнишони, феферони, печени пиперки, цвекло, сушен зеленчук, ајварот како најпознат македонски деликатес има многу важно место. Приоритети во производството на ајварот “Перустија“ се пред се неговиот врвен квалитет, како и негово пласирање на македонскиот премиум пазар и извоз на што повеќе странски пазари. Досега ајварот “Перустија“ се продава во бројни супермаркети и продавници за деликатеси во САД, Канада, Нов Зеланд, Австралија, Холандија, Германија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и многу други. Деновиве „Перустија“ успешно се претстави на 5. Меѓународен саем за храна и пијалаци Food Expo во Атина, а негови следни дестинаци се Париз, Абу Даби, Моска!
Тоа е поводот да поразговараме со господин Нашков.
“Од година во година забележуваме раст на побарувачката и потребата од деликатеси на дел од странските пазари. Поради тоа годинава во нашиот фокуст ги ставивме престижните саемски манифестации ширум светот каде ги претставуваме нашите производи, посетителите имаат можност да ги пробаат, и секако да воспоставиме нови деловни контакти. Акцентот во претставувањето го ставаме на нашите премиум производи како што се ајварот, природните сокови, салцата и џемовите без шеќер од брендот Перустија“.
- Кажете ни нешто повеќе за ајварот “Перустија“!
Ајварот „Перустија“, кој се произведува во фабриката „Ларс“ во Штип, се извезува во повеќе од 20 земји ширум светот. Годишниот извоз достигнува вредност од 6 милиони евра. Со 5 вкусови во својата палета: благ, лут и екстра лут црвен ајвар, зелен и жолт ајвар, овој македонски бренд е достапен за потрошувачите во САД, Канада, Нов Зеланд, Австралија, Холандија, Германија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и многу други земји.
Најголем дел од нашето производство од околу 1,5 милиони тегли ајвар годишно е наменето за извоз. Нашите традиционални партнери од надвор ни бараат квалитетни производи, деликатеси каков што впрочем е и ајварот, при што условот е тие да бидат висококвалитетни, без додатоци и конзерванси. Ние решивме тоа да им го понудиме со „Перустија“. Побарувачката од година во година расте. Нашата цел е да не ги запоставиме ни домашните потрошувачи поради што од оваа година сме присутни во речиси сите поголеми трговски синџири во земјава. Особено е радува фактот дека сите што првпат го пробале ајварот „Перустија“ повторно му се враќаат.
За нас многу е важен домашниот пазар затоа што расте побарувачката на преработки од овошје и зеленчук. Луѓето имаат се поголема доверба во квалитетот на македонските производи, а ние како прозводител треба да ја оправдаме таа доверба. Како резултат на ваквиот склоп на пазарни околности и растечкиот тренд на здрава храна, под брендот „Перустија“ веќе имаме и нови производи: макало, природни неконзервирани сокови и овошни џемови. Веруваме дека и тие како и ајварот, ќе бидат одлично прифатени од потрошувачите.
Целта како компанија ни е во иднина да го зголемуваме уделот на брендирани производи во нашето портфолио, а да го намалуваме уделот на класичните производи како пиперки, корнишони, цвекло кои се продаваат по берзанска, ниска цена и за кои имаме огромна конкуренција од цел свет.
[quote]„Перустија“ која има 5 вкусови во својата палета: благ, лут и екстра лут црвен ајвар, зелен и жолт ајвар, дефинитивно е препознаен од потрошувачите како врвен производ![/quote]
- Имате јасно поставена визија и доволно долго искуство за производство на квалитетни производи. Кои во моментов се главните предизвици на преработувачката индустрија во Македонија?
Ако во претходните децении главната главоболка на производителите во FMCG индустријата (производи за широка потрошувачка) произлегуваа од цените на суровините, набавката на технологија и трошоците за дистрибуција, во денешно време најголемата главоболка доаѓа од дилемата како да се стигне до потрошувачот и како долгорочно да се „купи“ неговата љубов?! Глобализираниот пазар, ултра големата конкуренција, како и презаситеноста на потрошувачите од преполни полици во трговските синџири го прават патот до потрошувачот многу потежок. Во таа гладијаторска битка со големите играчи, за македонските компании е голем предизвик да се остане конкурентен.
Поаѓајќи од сопственото долгогодишно годишно искуство сметам дека е време македонските производители на производи за широка потрошувачка да свртат нов лист. Квалитетни производи, диференцирање со модерен визуелен идентитет и повисоко ценовно позиционирање се адутите со кои би требал да играме. Повеќе од јасно е дека времето на масовно и евтино производство е минато од едноставна причина што со таква стратегија не се добиваат лојални потрошувачи на долг рок.
Мислам дека е неопходно сите производители од оваа индустрија да го искористиме имиџот кој што го има Македонија како земја на квалитетна, природна, под сонце одгледана храна… Овие адути искомбинирани со посилен маркетинг и препознатлив брендинг би требало да ги насочиме кон поголем извоз со повисока додена вредност.
- Дали Ларс како компанија со речиси 3-децениска традиција веќе ја применува оваа стратегија? Како Вие се менувате според пазарните промени и потреби?
Ова е стратегијата на компанијата „Ларс“ која дава резултати! Нашите производи се пласираат на повеќе од 30 пазари во Европа, САД, Канада и Австралија. Работејќи на пазари каде што почитувањето на роковите, на договореното и пред се конзистентноста на квалитетот се императив не созреа и нас како компанија и нашите вработени. За нас конзистентноста на квалитетот не се доведува во прашање! Годинава ја започнуваме со големи амбиции. Пред нас е учество на е големите саеми за храна во Њујорк, Париз, Абу Даби и Атина. Освојувањето нови пазари, паралелно со одржување на позициите на домашниот, е императив на чија основа ја градиме долгорочната одржливост!
2018 година ќе биде година на големи предизвици за производителите од FMCG индустријата. Силно сум убеден дека компаниите кои се долго на пазарот, како што е „Ларс“ и кои со години инвестираат во квалитетни производи, мора да излезат од зоната на локални производители. Да не заборавиме дека потрошувачите бираат производи на кои им веруваат и од кои знаат што може да очекуваат. Само за такви производи се подготвени и повеќе да платат!
(Разговараше- Верица Јорданова)