Босанската Addiko banka лансираше платежна картичка со мирис на јагода

- Advertisement -
Addiko Bank Сараево својата картична понуда ја збогати со Debit Mastercard®, првата Addiko бесконтактна картичка. Освен поволностите на бесконтактната технологија за плаќање, оваа картичка е посебна и по дизајнот. Addiko Debit Mastercard® доаѓа со иновација – мирис на јагода.
Ние во Addiko bank настојуваме на клиентите секогаш да им понудиме нешто повеќе и нешто поинакво, следејќи ги дигиталните, но и другите трендови. По неколкуте минатогодишни новитети, годинава одлучивме да ја започнеме со уникатен картичен производ за плаќање со стил. Нашата нова картичка е поинаква од другите затоа што има вертикален дизајн, што е единствен случај во регионот. Освен тоа, додека ја користат картичката нашите клиенти ќе можат да уживаат во прекрасниот мирис на јагода, бидејќи оваа картичка е единствената која мириса. Со оваа картичка нашите клиенти можат да плаќаат бесконтактно и целосно безбедно“ изјавија од Addiko Bank.

„Со нашиот пристап кој во фокус ги става клиентите и нивното задоволство, сигурен сум деека клиентите ќе бидат задоволни со поволностите кои ги нуди новата иновативна миризлива картичка, како и дека купувањето ќе им биде удобно и безгрижно, а паричните трансакции уште поедноставни“ додаваат од банката.

Debit Mastercard картичката на Addiko bank е опремена со современа бесконтактна платежна технологија која осигурува дека од сметката ќе биде наплатено само еднаш дури и ако картичката повеќе пати се помине пред читач. Потрошувачите треба едноставно да ја доближат картичката до бесконактен читач на каса, по што светлосен и звучен сигнал за неколку секунди означува дека трансакцијата е успешно извршена.
Сподели!
- Advertisement -