Иницијативата Womenpreneurs Stories ќе го доживее своето четвртто издание на 19 април и е настан кој веќе се одржува традиционално и има за цел да ги слави и да ги сподели приказните на инспиративните жени во бизнисот.
Како и претходните изданија на Womenpreneurs Stories и ова ќе се одржи во Јавна соба, меѓутоа со проширена програма. Темата на новото издание ќе биде како да го пласирате вашиот бизнис на американскиот пазар и ќе опфати дискусии за тоа каков маркетинг да користите на овој пазар и како да им пристапите и да преговарате со инвеститорите.
Говорничките на ова издание се две успешни американски бизнис жени, кои исто така ќе одржат и работилници. Станува збор за Џилиен Муесинг која доаѓа од Сиетл и е соосновач на Moz и brettapproved, извршен директор на Outlines Venture Group и генерален партнер на Sybilla Мasters фонд. Три години била дел од Техничкиот советодавен одбор на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс; како и Ен Кенеди од Филаделфија, која е претседател на Outlines Venture Group, автор на Global Search Engine Marketing и соосновач на најголемиот конзорциум во светот за дигитални маркетинг компании.
Тие се дел од одбори на советници и директори во компании на четири континенти. Заедно овие сериски претприемачи им имаат помогнато на повеќе од 1.000 онлајн компании да започнат, да растат и да напредуваат. Во 2018 година Ен и Џилиен го лансираа Venture Capital фондот Sybilla Masters Fund (Серија А), основан за поддршка на „еднорози во непоседливите полиња“.
Целосната агенда на настанот е следна:
- 18:30 – 19:00ч. Регистрација
- 19:00 – 19:05ч. Нина Николиќ претставување и вовед
- 19:05 – 19:20ч. Приказната на Џилиен Муесинг
- 19:20 – 19:50ч. Работилница: Investors love to ask, founders need to know!
- 19:50 – 20:05ч. Прашања од присутните
- 20:05 – 20:20ч. Приказната на Ен Кенеди
- 20:20 – 20:45ч. Работилница: Low or No-Cost Ways to Win In Search Engines
- 20:45 – 21:00ч. Прашања од присутните
- 21:00ч. – Вмрежување
Картата за учество изнесува 300 денари и може да се набави онлајн преку платформата Grouper на следниов линк. За повеќе информации следете на Фејсбук настанот на следниов линк.
Џилиен Мусеинг и Ен Кенеди се #SwissEP Entrepreneur-In-Residence од Сиетл, САД кои работат со инвеститори, стартапи и организации во Македонија.
EIR Europe е иницијатива од страна на Швајцарската програма за претприемништво, финансирана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact заедно со J.E. Austin.
Настанот е организиран од Womenpreneurs Stories, во соработка со Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact; Public Room и Grouper.mk.