Овој облакодер во Њујорк го претвора загадувањето од воздухот во сол и водена пареа

- Advertisement -

Нова станбена зграда во Њујорк ќе има навистина одлична функција – ќе го чисти воздухот!
570 Broome, дизајнирана од Тахир Демирчиоглу од Builtd, ќе биде обвиткана во нов материјал за фасада кој ја користи сончевата светлина за да ги претвора загадувачите од воздухот во сол и водена пареа. Надворешноста на зградата, која ќе се чисти самата, ќе има ист ефект врз животната средина како да се отстраниле 2.000 автомобили од патиштатат или да се посадиле 500 дрвја, пишува Inhabitat.

Луксузната станбена зграда се наоѓа во западниот дел од квартот Сохо и има прозорци од под до таван, а становите се високи по 3,2 метри. Надворешноста на зградата се чисти самата и го чисти воздухот околу неа. Материјалот од којшто е направена фасадата е развиен во соработка на компанијата за камен Neolith и производителот PURETi.

- Advertisement -

Според веб страницата на Neolith, материјалот се состои од камени плочи на Neolith испркани со растворот на PURETi на база на вода и наночестички на титаниум диоксид. Сончевата светлина ги активира наночестичките на титаниум диоксидот, кои ја трансформираат влагата во воздухот во оксидирачки агенси кои ги уништуваат честичките на азот диоксид и другите загадувачи и ги трансформираат во сол и водена пареа. Овој процес се вика фотокатализа и се повторува милиони пати во секунда, па така зградата може да се чисти самата себе и околината. Оваа технологија го подобрува квалитетот на околнио воздух и е антибактериска, антиалергенска и ги уништува непријатните мириси.

Дизајнот на зградата евоцира спомени низ историјата на овој кварт, кој некогаш се викал Printing District, со својата силуета на наредени коцки една врз друга. Продажбата на становите во 570 Broome, вкупно 54 со една до три соби, почна минатата есен.

Сподели!
- Advertisement -