Британската банка Barclays во својот годишен извештај навела дека биткоин најверојатно никогаш повеќе нема да ја достигне рекордната вредност од минатата година. Тие оваа прогноза ја темелат на споредба на движењата на цените на криптовалутите и на моделот на ширење на епидемии кои го погодиле човештвото.
Како што пренесува ICT Business, тимот од аналитичари кои го пишувале извештајот, предводени од Џозев Абате дошле до интересен заклучок дека биткоин има идентични одлики како и вирусот на грип.
„Кога доволно голем број од популацијата ќе почне да се сомнева за криптовалутите, а освен тоа станат свесни и за оние кои ги имаат криптовалутите во сопственост, доаѓа до притисок на цената. Како и кај грипот, се шири до моментот кога доволно голем удел од популацијата стане свесен за неговото ширење и оние кои се заразиле. После тоа не постои простор каде да се шири. Разликата е во тоа што кај грипот сомневањата подоцна ги снемува, а кај криптовалутите цените паѓаат бидејќи они кои ги поседувале почнале да ги продаваат поради скептицизмот.“, стои во извештајот.
Минатата година, биткоин достигна рекордна вредност од 19 483 долари, а денес неговата вредност е 7.767 долари што е за 2,5 пати послабо. Barclays тврди дека ваквите врвови криптовалутата веќе нема да ги достигнува бидејќи во моментот кога го држеше рекордот, го достигна максималниот број на луѓе кои беа подготвени да купат биткоин.
Се очекува овој пазар да се стабилизира во иднина, но секогаш ќе постојат скептици кои никогаш нема да веруваат во криптовалутите.