Ако можете да идентификувате вработен кој ги има овие квалитети и повеќе од тоа, мора да почнете да ја подготвувате таа личност за водечката улога во својата компанија
Препознавањето на идните лидери е од витално значење за долгорочниот успех на компанијата. Организацијата мора да има план за континуитет на лидерството. Оваа задача мора да биде суштински дел од стратегијата за раст на компанијата.
Зошто е тоа важно? Лидерите играат трансформациска улога во напорите на организацијата да ги надмине предизвиците на пазарот. Ако вашата компанија се соочува со лидерски вакуум во даден момент, тогаш нема да биде во можност ги постигне своите цели за раст.
За да демонстрирате посветеност на организацијата на иновации и висококвалитетни производи и услуги, потребни ви се лидери кои имаат овластувања и кредибилитет, неопходни елементи за мотивација на вработените да ги исполнат своите цели.
Прифатете го тоа дека коренот на секој успешен бизнис е навременото носење одлуки. Ако немате лидер кој ќе ги носи тие одлуки, вие нема да постигнете ништо. Како да го пронајдете лидерот меѓу вработените?
Фокус на високо потенцијални перформанси
Перформансите на вработените ја дефинираат способноста и стручноста. Тоа е параметар кој мора да го имате предвид за да го идентификувате лидерот. Треба да ги земете предвид: способноста на вработениот, желбата за напредок и вкупниот потенцијал. Некои поединци не можат да бидат лидери иако нивните резултати се на врвот на скалата. Тие немаат капацитет за улогата на раководство и се задоволни со своите следбеници. Токму затоа потенцијалот треба да е побитен од перформансите како параметар кога се бара идниот лидер.
Ориентираност кон компаниските цели
Запрашајте се: „Дали вработените проактивно даваат предлози да подобрување на процесите или покажуваат интерес да излезат надвор од својот извештај за да постигнат опипливи резултати за организацијата?“ Ако одговорот е да, тогаш веројатно сте го идентификувале вработениот кој има улога на иден лидер.
Дали е одговорен/на
Вработените кои се залагаат за одговорност и кога е неуспехот во прашање можат да се идентификуваат како лидери. Ако видите поединци кои се тргаат настрана за да не преземат одговорност за своите постапки, тогаш тие не се за улога на лидер. Лидерите не се плашат да бидат одговорни за неуспех.
Мултитаскинг способности
Ако мислите дека сте ги идентификувале потенцијалните лидери меѓу вработените, дајте им некои дополнителни одговорности. Дали можат да работат со дополнителните задачи или им е тешко да работат повеќе работи истовремено? Одговорот на прашањето е многу битен затоа што сите лидери мора истовремено да вршат повеќе од една задача и да го изведат тоа на најдобар можен начин благодарение на своите способности.
Емоционална интелигенција
Дали поединецот е добар тимски играч? Дали им помага на другите или ги става другите пред себе? Дали издвојува време за интеракција со другите вработени? Дали се фокусира на изградбата на лични односи? Дали е вистинска личност? Доколку одговорот на овие прашања е недвосмислено да, тогаш знаете дека сте ја идентификувале несебичната личност која дава тежина на личните односи. Таа личност има способност конструктивно да ги разбира другите во корист на организацијата.
Комуникациски вештини
Сите лидери имаат извонредни вештини на комуникација. Побарајте личност која може да ги објасни идеите на јасен и концизен начин, некој кој се занимава со специфичности и знае да слуша. Ако можете да идентификувате вработен кој ги има овие квалитети и повеќе од тоа, мора да почнете да ја подготвувате таа личност за водечката улога.