Кинескиот производител на гуми Linglong ќе инвестира 400 милиони евра во Србија?!

- Advertisement -

Кинескиот производител на гуми Linglong веќе една година бара локација за својот европски погон, а Србија има најголеми шанси од сите четири држави кои се во конкуренција, пренесува SEEBiz.eu.  Според информациите, кинескиот гигант уште преговара со српските институции, а станува збор за инвестиција во висина од 400 милиони евра.

Веста ја пренесе и чешкиот бизнис весник Hospodarske novini, затоа што Чешка важеше за уште еден сериозен кандидат.

- Advertisement -

Иако чешкиот претседател Милош Земан при посетата на Моравско-шлеската област најави дека тука ќе дојде кинескиот инвеститор, сепак, кинеската фабрика за гуми меѓу Чешка, Србија, Полска и Словачка, ја избра Србија“ ,пишува чешкиот весник.

Наводите на чешкиот весник не сакаат официјално да ги коментираат чешките институции задолжени за разговори со инвеститорите, а ни спрските.

- Advertisement -

„Точно е дека Linglong се интересира за инвестирање во Србија, но конечната одлука уште не е донесена“ пишува весникот Novosti врз основа на извори упатени во таа индустриска гранка. Весникот додава и дека планот на кинеската компанија е од новата фабрика годишно да произведува 10 милиони гуми за патнички, 2 милиони за товарни и 10.000 гуми за теренски возила.

Кинескиот амбасадор Ли Манчанг минатиот јуни најави дека во Србија може да стигне голем производител на гуми од Кина. Оваа компанија со години наназас е меѓу првите 20 светски производители на гуми и во топ 5 во Кина.

Сподели!
- Advertisement -