Србија ќе стане првата земја во Европа чиј акцелератор, Startap akademija, ќе го поддржи програмата Google Developers Launchpad и ќе се придружи на растечката мрежа од независни акцелератори од Латинска Америка, Африка, Европа и Азија. Google одлучи да ја поддржи растечката српска стартап сцена здружувајќи се со Startit преку програмата Google Developers Launchpad, која го помага растот на програмерските заедници и стартапи, пренесува N1info.
Оваа иницијатива ќе отвори нови можности за српските претприемачи и значително ќе ја прошири и ќе ја интернационализира нивната бизнис мрежа и базата на знаење. Партнерството ќе биде фокусирано на давање поддршка на стартапи кои се дел од акцелератоската програма на Startit – Ѕtartap akademijа.
Стартапите ќе добијат поддршка во вид на менторирање, know-how искуства и многу други бенефити од дваесетгодишното искуство на Google во истражување и увиди во најдобрите пракси за изградба на бизнис, производ и тимови.
Покрај онлајн поддршката и материјалите, бенефитите за домашниот екосистем ќе бидат пренесени и преку редовни посети на претставници и ментори од Google. Startap Akademija е првиот европски акцелератор кој ќе стане дел од оваа програма и ќе се вброи во елитата на најдобрите светски акцелератори.
„Ние во Google Developers Launchpad сме многу возбудени што ќе работиме со Startap Akademijа на понатамошен раст на српскиот стартап екосистем. Програмата Powered by Google Developers Launchpad постои со цел зацврстување на стартап екосистемите ширум светот преку врвни акцелератори, помагајќи им да си помогнат едни на други преку делење искуства и ресурси“, изјавија од Google Launchpad.
Ова партнерство е продолжените на пилот-програмата која ја поддржа Google Launchpad, Launchpad Start, која се одржа во Нови Сад во април и на едно место собра повеќе од 50 меѓунаордни ментори во текот на петдневниот bootcamp со српски инвеститори.
Google Developers Launchpad е огранок на Google кој управува со глобалната акцелераторска програма која им помага на стартапите да остварат раст. Google е thought leader кога станува збор за изградбата и скалирањето на производите и бизнисите користејќи најнапредни технологии, а Launchpad постои со цел да ги сподели и да ги рашири најдобрите пракси преку глобална заедница на основачи и стартапи. Google Developers Launchpad не зема никаков сопственички удел во стартапите од своето акцелераторско портфолио, туку се фокусира на развојот на компаниите и нивните екосистеми на долгорочен план.