ВИДЕО: Руската пловечка нуклеарна централа Akademik Lomonosov исплови на првото патување

- Advertisement -

Контроверзната руска пловечка нуклеарна електрана, која уште ја нарекуваат „нуклеарен Титаник“, отплови на првото поморско патувањ, а целта е да однесе енергија до Арктикот. Оваа електрана би требало да ја снабдува со енергија изолираната руска база на Арктикот, меѓутоа критичарите предупредуваат дека руската нуклеарка може да доведе до „Чернобил на мраз“, пренесува В92.

Бродот го носи името Akademik Lomonosov и исплови од бродоградилиштето во Санкт Петербург, а ќе помине преку Балтичкото и Норвешкото Море за да дојде до руското пристаниште Мурманск. Оттаму на лето во 2019 година ќе тргне за Арткичкото Море за да ја снабдува со струја и енергија руската база.

- Advertisement -

Оваа електрана може да ги покрие потребите за енергија на околу 200.000 луѓе. Меѓутоа, критичарите предупредуваат дека може да дојде до нуклеарна катастрофа на мраз. Нуклеарниот експерт на Greenpeace за Централна и Источна Европа, Јан Хаверкамп, истакна дека сите првобитни планови за тестирање нануклеарката во Санкт Петербург пропаднале, па Lomonosov и понатаму претставува закана за животната средина.

„Тестирањето на нуклаерниот реактор во густо населена област како што е Санкт Петербург е во најмала мера неодговорно вели тој. Меѓутоа, како што истакна, тестирањето на нуклеарниот Титаник далеку од очите на јавноста нема да промени ништо.

- Advertisement -

„Нуклеарните реактори кои се борат околу Арктичкиот Океан претставуваа шокантна закана за кревката средина, која веќе е под голем притисок поради климатските промени. Овој потфат не е закана само за Арктикот туку потенцијално е закана и за други густо населени или загрозени природни региони“ додаде тој.

Се очекува во 2019 година да почне изградбата на втора пловечка нуклеарна централа. Властите на скандинавските земји, особено на Норвешка и Шведска, изразија загриженост поради опасноста да се случи несреќа на море, како и во текот на изградбата. Меѓутоа, тврдат дека се преземени сите мерки на претпазливост за да се спречи нуклеарна катастрофа.

Сподели!
- Advertisement -