Grouper прославува 1 милион продадени купони

- Advertisement -

Кога зборуваме за онлајн продажба и попусти секогаш на прво место го вметнуваме Grouper.mk, кој прерасна во препознатлив и влијателен бренд на мекедонскиот пазар и водечка компанија за е-трговија  која ја промени оваа индустрија во земјава. Со самото лансирање во 2011 година,  Grouper поттикна и едуцираше илјадници Македонци да се впуштат во онлајн купување и голем дел од нив да ја направат својата прва онлајн трансакција и со тоа успеа да се позиционира како game-changer на македонскиот пазар.

Grouper лидерот во онлајн трговијата во земјава, прославува 1 милион продажби, што во превод значат 1 милион пати искористени масажи и козметички услуги, вкусени специјалитети, производи или патувања по непобедливи акциски цени. Достигнувањето е навистина значајно, бидејќи Grouper од самиот почеток па до денес, игра значајна улога во раздвижување на онлјан купувањата во земјава – 7% од интернет корисниците биле онлајн купувачи во 2011, а веќе 32% во 2018 година (ДЗС).

- Advertisement -

Во чест на ова достигнување и долгогодишната соработка со Mastercard, во текот на денешниот ден, сите оние кои ќе купуваат на grouper.mk со Mastercard картичка, ќе имаат можност да добијат бонус во форма на cashback за било која купена зделка и тоа – 5% за зделки од секција патувања, 10% за зделки од секција производи и 15% на услуги. Дополнително за да биде еуфоријата поголема, Grouper тимот креираше и среќно тркало каде од денес па до крајот на неделава, секој може да сврти и да добие код за екстра попуст кој може да го искористи при своето следно купување.

“За нас 1 милион купони не е само голема бројка која симболизира достигнување, туку е многу повеќе од тоа – 8ипол години напорна работа со многу љубов, пасија и посветеност, стотици надминати предизвици,  илјадници одговорени пораки и повици и многу научени лекции. Среќни сме што изминативе години стекнавме доверба кај повеќе од 200.000 задоволни корисници и над 3.000 компании соработници кои заедно со нашиот тим на млади ентузијасти ја прават Grouper заедницата целосна”, вели Нина Ангеловска CEO и ко-основач на Grouper.

- Advertisement -

Во однос на тоа што најмногу се купувало низ годините, Драгана Ѓокиќ, директортката за продажба вели дека Груперците се големи гурмани бидејќи речиси 30% од овие 1 милион продадени купони се од категорија храна и пијалок, а останатите две категории со најголеми продажби на купони се облека и спортска опрема и патувања за Бугарија.

“Како што кажуваат и статистиките, очекувано беше и милионитиот купон да биде од категорија храна и пијалок, и драго ние што тоа е од компанија како Sushico, кој е наш долгогодишен соработник и еден од рестораните со најголеми продажби во тековната гурманска кампања за ресторани #СкопјеГурман. Со цел да прославиме, во нашите канцеларии ја повикавме Паулина, купувачот на милионитиот купон, која доби подарок изнендаување и имаше можност да се дружи со тимот на Grouper  и ресторнаот од каде го направила своето купување“. 

- Advertisement -

Grоuper.mk беше лансиран во 2011 година, како прв македонски сајт за групни попусти кој објави непобедливи зделки кои до тогаш не беа понудени на нашиот пазар. Денес, Grouper опслужува над 200.000 корисници во соработка со над 3000 компании чии производи и услуги ги промовира онлајн. Минатата година тимот на Grouper ja заврши со добиваање на наградата Најдобар сајт во Македонија за 2018,  а oд сега најголемите попусти и најдобрите промоции ќе можат да ги уживат и граѓаните и бизнисите во Косово, преку првата франшиза на Grouper.mk, GrouperKos.com, која започна со работа оваа недела.

Сподели!
- Advertisement -