Нова бесплатна апликација за учење од Brainster

- Advertisement -

Brainster Лекции е нова, автоматизирана и бесплатна алатка за учење која овозможува пристап до најсвежата содржина од Tech индустријата.

Причината поради која Brainster го креираше овој продукт е динамичното темпо кое е неизбежен дел од нашето секојдневие. Преплавени сме со голем број на информации кои не сме сигурни дали сакаме да ги апсорбираме. На овој начин, Brainster им овозможува на ентузијастите за учење да ги филтрираат информациите кои ги примаат и да преземат поголема контрола врз своето знаење. Вака, можат на брз и ефикасен начин да стекнат нови знаења и да бидат во тек со Tech новостите.

- Advertisement -

Алатката содржи 60 бесплатни лекции за маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, дигитална трансформација и кариера.

Сега секој може да ја истражи својата омилена категорија преку 5 минутни лекции кои ќе стигнат директно на e-mail. Одбери ja темата која сакаш да ја изучуваш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ти се достапни веднаш. Преку оваа алатка ќе ги добиваш најрелевантните новости – директно во твојот џеб.

- Advertisement -

Оваа платформа е изработена од учесниците на Академијата за програмирање и Академијата за маркетинг на Brainster како дел од нивната едукација со работа на реални проекти. Идејата е учесниците да стекнат практични вештини со кои ќе стигнат до кариера од соништата. Преку проекти како што е Brainster лекции, на учесниците им е овозможено да поминат низ процесот на создавање и лансирање на продукти кои имаат вредност за заедницата.

- Advertisement -

Brainster е иновативна компанија за едукација и кариерна трансформација која преку курсеви и Академии им овозможува на сите да дојдат до успешна кариера. Секој може да ги научи најбараните вештини за програмирање, маркетинг, дизајн и бизнис, со работа на реални проекти како Brainster лекции. Учесниците, по завршувањето на Brainster Академиите се поврзуваат со компании кои имаат потреба од таленти. Така ќе ги искористат вештините стекнати преку работа на реални продукти, за лансирање на нивната кариера од соништата.

Сподели!
- Advertisement -