Штипските гимназијалци кои смислија маска за телефон за лица со Рејнаудов синдром добија стипендии за студирање од Американ Колеџ Скопје

- Advertisement -

Гимназијалците од Штип кои со својата иновација, маска за мобилен телефон наменета за лицата со Рејнаудов синдром или познат како синдром на студени раце, деновиве се стекнаа со стипендија за студирање на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје.

Стипендијата која Универзитетот Американ Колеџ во Скопје им ја додели на Никола Патриклиски, Гордана Арсова, Андреа Спирова, Марија Трајковска и Стефан Маневски ќе биде во износ од 2,600 евра годишно наменета за студирање на овој универзитет.

- Advertisement -

Младите иноватори кои годинава го завршуваат своето средношколско образование, под менторство на професорот Петре Петковски, се закити со првото место во категоријата електронско здравство или e – health во натпреварот за стартап идеи Get In the Ring, кој се одржа во октомври минатата година во склоп на Startup Europe Awards 2017 во Скопје.

Во меѓувреме, за иновативен производна гимназијалците се заинтересира инвеститор од Кина за нивниот иновативен производ. Нивната маска за телефон за лица со Рејнаудов синдром има функција да ги загрева рацете овие лица кои инаку се соочуваат со послаба циркулација на крвта во рацете.

Сподели!
- Advertisement -