#ИновативностЧита: Да! 50 тајни на науката на убедувањето

- Advertisement -

Секој од нас понекогаш си помислил, колку би било добро кога би можеле да убедиме секого. Книгава која викендов ви ја претставуваме во #ИновативностЧита, можеби нема целосно да ве направи таква личност, но ќе научите неколку тактики за тоа како да ги подобрите вештините на убедување. Се работи за книгата Да! 50 тајни на науката на убедувањето од авторите д-р Ноа Ј. Голдстајн, д-р Стив Ј. Мартин и д-р Роберт Циалдини.

„Кој еден единствен збор ќе ја зголеми вашата убедливост? Како можете да станете џедај-мајстор на социјалното влијание? Која е активната состојка на трајниот успех? Зошто некој би одбрал „мерцедес“, а е вљубен во „БМВ“?“, ќе прочитате во описот на книгата. Навидум едноставни прашања, но истите можат да ве поттикнат да размислувате и да ги откривате тајните на тоа како да бидете поубедливи.

- Advertisement -

Доколку веќе долго време сте играч во бизнисот, тогаш уште повеќе ви е јасно колку може да биде тешко во некои работни ситуации да убедите некој од бизнис партнерите, некој од тимот или од клиентите за одредена зделка, продажба или едноставно начин кој вие сметате дека е најдобар за да се постапи. Меѓутоа, ако не ви успева секогаш, сигурно сте се прашале што е она што може да ги убеди луѓето да се согласат на одредени предлози и прашања.

Оваа книга прво нешто што ќе ви докаже, е тоа дека убедување не само што е уметност, туку е и наука. Авторите на книгата кои имаат зад себе години и години искуство истражувајќи ја психологијата на убедување, ги сублимирале резултатите во текст кој открива неколку скриени правила со кои ќе предизвикате луѓето да почнат да се движат во ваша насока.

- Advertisement -

Како што открива и насловот на книгата, во неа ќе прочитате 50 совети кои многу ќе ви помогнат да ги откриете тајните на убедувањето како вештина и ќе научите како да бидете поубедливи како во професионалниот, така и во приватниот живот.

Без разлика дали работите во маркетинг индустрија, рекламирање, во продажба или пак сте менаџер, сигурно ќе ви се најдат неколку добро истражени совети за да го зголемите влијанието кое го имате во секојдневието.

- Advertisement -

Книгава е достапна и на македонски јазик од издавачката куќа Арс Ламина, а можете да ја купите за 300 денари. Направете го тоа побргу и ставете ги во пракса советите кои овие психолози – истражувачи откриле дека ќе ве направат поубедлива личност.

Сподели!
- Advertisement -