#ИновативностЧита: 100 највлијателни жени во историјата

- Advertisement -

Бидејќи пред неколку дена до одбележавме Меѓународниот ден на жената, 8. март, а впрочем и целиот месец ширум светот се одбежелува како Меѓународниот месец на жената, во ова издание на #ИновативностЧита решивме да ви претставиме книга која е збирка на приказни за познати и моќни жени. Книгата се вика 100 највлијателни жени во историјата и деновиве за првпат се појави во Македонија во издание на Арс Ламина. 

Книгата претставува збирка на приказни кои служат да ве инспирираат и поттикнат и вас за големи нешта. Жените за кои ќе прочитате во збирката се креативни, инвентивни, инспиративни лидери, а секоја од нив оставила голема трага на светската сцена.

- Advertisement -

Која е една од најпрвите жени во историјата кои останале забележани и запaмeнети до ден денес? Секако, се работи за Клеопатра чија приказна исто така може да ја најдете  во збирката. Таа зборувала дури девет јазици, а живеела во период кога со светот најчесто владееле мажи.

Дијапазанот од женски приказни временски се протега и до непосредната сегашност, па една од нашите омилени приказни кои ги прочитавме во збирката е онаа на Мишел Обама, поранешната прва дама на Соединетите американски држави. Таа веќе создаде историја со тоа што стана првата афро-американска Прва дама, но ги освои срцата на сите во светот со тоа што се покажа како жена-лидер која постојано работи на подобрување на општеството.

- Advertisement -

„Инвентивни дизајнерки, вселенски истражувачки, пилотки, политички активистки и феминистки, уметници, професорки, владетелки и лидерки. Сите овие инспиративни жени имаат нешто заедничко: сите се борци, кои продолжуваат да нè инспирираат во нашите современи животи. Ова е причината зошто тие заслужуваат јавно признание и зошто тие се релевантни денес, исто како што биле и некогаш.“, пишува во блогот на Literatura.mk со кој беше најавено излегувањето на книгава.

Другите приказни во збирката се посветени на Опра, Малала Јусафзај, Вирџинија Вулф, Амелија Ерхарт, Марија Склодовска – Кири, Џеј Кеј Ролинг, Одри Хепбурн и многу, многу други.

- Advertisement -

Од издавачката куќа Арс Ламина веќе објавија дека збирката била неверојатно популарно во минатиот период, а многу купувачи ја избрале токму неа како подарок за своите најблиски по повод Меѓународниот ден на жената.

Книгата може да се нарача онлајн преку веб страницата на издавачката куќа или да се купи во нивната книжарница, по цена од 350 денари. Ние би ви препорачале да не чекате повеќе и да си ја обезбедите што е можно побргу, како подарок или за вашата лична библиотека за во моменти кога ќе почувствувате дека ви е потребна инспирација или мотивација од пожртвуваноста и достигнувањата на овие големи жени.

Сподели!
- Advertisement -