Во Калифорнија ќе биде задолжително да се поставуваат соларни панели на сите нови градби

- Advertisement -

Соларните панели се се попопуларни, а властите во Калифорнија се подготвуваат да ги направат задолжителни, пишува Klix.ba. Се очекува калифорниската Комисија за енергија да одобри нов енергетски стандард со кој соларните панели ќе мора да се поставуваат на крововите на речиси сите нови домови, станови и згради со апартмани од 2020 година натаму.

Исклучок ќе бидат обкетите на кои не може да се стават соларни панели и тие кои ги блокираат поголеми згради или дрвја. Се очекува дека новиот стандард ќе влијае за зголемување на цените на градбите од 25.000 до 30.000 долари, од кои половина отпаѓа директно на соларни панели. Но, соларните панели на сопствениците на објектите ќе им заштедат 50.000-60.000 долари во период од 25 години.

- Advertisement -

Гласањето за новиот стандард ќе се одржи на 9 мај, а Калифорнија веројатно ќе стане првата држава во светот која ќе примени таков стандард. Моментално околу 20% од новите семејни домови во Калифорнија имаат поставено соларни панели на крововите.

Сподели!
- Advertisement -