Хрватска ја доби првата физичка менувачница за криптовалути

- Advertisement -

Сопствениците на првата хрватска берза за криптовалути BitKonan, Томислав Вајиќ и Шиме Бакиќ, почнаа нов проект, односно отворија и физичка менувачница за криптовалути. Тие изјавија дека само го прифаќаат трендот кој веќе постои во големите градови во светот како Њујорк, Токио, Париз, Мексико Сити и Сеул.

Bitcoin Store Hrvatska е отворена пред две недели во Сплит, работи во една смена, меѓутоа поради интересот кој постои, планираат да воведат и втора смена на работење, а со тоа да вработат и повеќе луѓе. Постојат можности во наредните два месеци да дојдат до 30 вработени, а до крајот на јуни да отворат подружници и во Загреб и Риека.

- Advertisement -

„Прво ќе се прошириме во Загреб, каде што Bitcoin Store ќе отвориме на крајот на мај, додека пак отворањето во Риека ќе биде на крајот на јуни“ изјави Јелена Лукиќ, ПР менаџерка.

Таа додаде дека идејата да се отвори физичка менувачница за криптовалути била наметната од побарувачката и прашањата кои ги добивале на BitKonan, берзата која веќе има преку 15 илјади регистрирани корисници.

- Advertisement -

„Многу луѓе сакаат да влезат во светот на криптовалути без многу компликации, а ние им го нудиме токму тоа: за само неколку минути да почнат да чекорат во тој свет и да купуваат или да продаваат криптовалути за кеш или да добијат фискализирана сметка и да ги складираат валутите во трезор“ објасни Лукиќ.

Врз основа на досегашната работа во Сплит, се забележува дека голем интерес за нивните услуги има кај туристите, помалку кај локалното население, а интерес постои и од жители од регионот како Босна и Херцеговина и Словенија.

- Advertisement -

Bitcoin Store Hrvatska нуди размена на неколку криптовалути како Bitcoin, Litecoin и Ethereum, IOTA, DASH и други, односно вкупно 21. За да се разменуваат валути постојат и некои регулаторни ограничувања за одредени суми, па така за износ над 12.500 евра се бара и имотен лист.

Сподели!
- Advertisement -