Фустан кој го покажува нивото на стрес

- Advertisement -


Во модниот свет постои фустан кој изразува колку ментален стрес доживувате во кој било момент. Модата е форма на изразување и ни овозможува да го артикулираме тоа што го чувствуваме, но што кога би можела да ни помогне да го кажеме и тоа што го имаме на ум?

Анук Випрехт, холандска дизајнерка која е малку опседната со креирање облека која ги чита мислите, направи футуристички бел фустан со вонземски изглед прекриен со нешто што личи на очни јаблчници. Фустанот се вика ScreenDress и е дизајниран да му помогне на корисникот да изрази како нивното когнитивно оптоварување се менува во текот на денот.

- Advertisement -

Терминот когнитивно оптоварување се однесува на тоа колку мозокот обработува во кој било момент. Во текот на денот постојано сме оптоварени со информации и попречувања кои не оддалечуваат од задачите. Додека се обидувате да се спремите за работа наутро, вашето дете ви бара појадок, телефонот ви ѕвони итн. Кога мозокот е преоптоварен, тоа може да доведе до стрес, замор и фрустрации.

Проблемот е во тоа што многумина од нас не се целосно свесни за своето когнитивно оптоварување и поради тоа е тешко да им покажат на другите луѓе колку работа имаат. Випрехт смета дека модата комбинирана со технологија може да понуди решение.

- Advertisement -

ScreenDress има јака која има шест тркалезни дисплеи на себе кои изгледаат како мали очи. Јаката е поврзана со лента за главата, која ги следи мозочните бранови. Лентата е производ на технолошката компанија G.Tec и користи податоци од мозокот за проценка на когнитивното оптоварување, а за возврат Випрехт ги визуализира овие податоци на дисплеите.

Кога тој што го носи фустаноте ментално преоптоварен или исцрпен, зениците на очите се шират. Кога ќе има разумно когнитивно оптоварување, зениците се стеснуваат.

- Advertisement -

Випрехт користела најнова технологија за да го направи фустанот. Во партнерство со HP го испечатиле фустанот од еден вид на најлон кој е лесен, но и доволно цврст за да држ електрнски компоненти.

Фустанот заега е само концепт, но Випрехт вели дека е замсилен да не инспирира за тоа како модата може да ни помогне да се справиме со стресот од секојдневниот живот.

(Bizlife)

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -