- Advertisement -
Податоците кои би ги изгубиле или би биле оштетени можат да предизвикаат многу паника бидејќи станува збор за нешто од голема важност, со сентиментална и материјална вредност. Но без паника, можно е да се врати она што се изгубило од вашиот личен компјутер или лаптоп, освен ако до загубата на податоци не дошло поради расипување на хард дискот.
Доколку не е во прашење дискот, мора да бидете внимателни. Еве неколку совети како да постапите доколку се најдете во ваква ситуација.
- Advertisement -
Треба:
- Прво контактирајте професионалци ако не сте сигурни за сериозноста на проблемот. Доколку пак сметате дека сте способни сами да го решите проблемот, проверете прво дали имате резервна копија (backup) и кога последен пат сте ја освежиле бидејќи ова е еден од начините да ги вратите изгубените податоци.
- Побарајте некоја од алатките за враќање на податоци како DMDE Free Edition, Recuva, MiniTool Partition Recovery Free и други кои навистина можат да направат чудо.
- Префрлете ги сите податоци на уред за кој сте сигурни дека работи правилно бидејќи понекогаш неисправниот оперативен систем може да биде причина за оштетување или губење на податоци.
Заклучок: Секогаш правете резервна копија од податоците бидејќи порано или подоцна ќе ви биде од корист.
- Advertisement -
Не треба:
- Ако користете некоја од алатките за враќање на податоци, не ја поставувајте само на партиција на која се наоѓаат оштетените или изгубените податоци бидејќи така можете да избришете некои од нив и да ги загубите засекогаш.
- Не отворајте го сами вашиот компјутер бидејќи на овој начин ќе постигнете многу малку, а можете да предизвикате и дополнителни проблеми.
- Не менувајте ги компонентите на хард дискот само доколку мислете дека во тоа е проблемот. За ова не можете да бидете целосно сигурни, освен ако не сте професионалец.
Заклучок: Не впуштајте се сами во поправање, секогаш е добро да се слушне второ или трето мислење пред да реагирате.
- Advertisement -