Иако постојат возила во коишто можат да се возат луѓе кои користат инвалидска количка, тие генерално се дизјанирани за количката да биде во задниот дел од автомобилот. Покрај тоа, ваквите возила се доста скапи и главно се редизајнирани и пренаменети минибуси или каравани. Kenguru е нешто сосема поинакво. Ова мало, компактно електрично возило е дизајнирано специјално за брз и едноставен пристап и управување на лица во инвалидска количка. Креаторите тврдат дека е првиот електричен автомобил наменет за лица во инвалидска количка.
Kenguru има само една врата на задниот дел каде што треба да е багажникот и се отвора со далечински управувач. Возилото тежи 350 килограми и е направено од оптички влакна. Заедно со батеријата тежината на возилото достигнува 550 кг. Kеnguru го придвижуваат два мотори од 2 kW. Максималната брзина му е 45 км/ч, а може да помине од 70 до 110 километри со едно полнење на батериите.
Автомобилот го дизајнираше унгарската компанија Kenguru Services, но потоа го купи тексашката адвокатка Стејси Зоерн, која ја основаше компанијата Community Cars и сега го произведува автомобилот во Флугервил. Цената на еден Kenguru е околу 20.000 долари, но значително е помала доколку обезбедите субвенции за електрични автомобили или за инвалидизирани лица.