Португалија во март произведе повeќе струја од обновливи извори отколку што и е потребно

- Advertisement -

Март беше добар месец за обновливата енергија во Португалија. Месечното производство на обновлива енергија во земјата ја надмина побарувачката, според извештајот на португалската Асоцијација за обновлива енергија и Асоцијацијата за одржлив Земјин систем. Ова сигурно нема да биде последен пат Португалија да добие толку многу енергија од обновливи извори, се вели во извештајот, пренесува Inhabitat. Според него, ова е само пример за она што ќе се случува многу почесто во иднина.

Според податоци од операторот REN, потрошувачката на енергија во континенталниот дел од Португалија во март изнесувала 4.647 гигават-часови. Во март биле произведени 4.812 гигават-часови енергија од обновливи извори, што е еднакво на 103,6% од вкупната потрошувачка. Сепак, месецот не бил целосно чист во поглед на изворите на потрошената електрична енергија. Според Reuters, фабриките на фосилни горива помагале во моменти кога имало недостиг на обновлива енергија, но таа потрошена енергија потоа била компензирана со нова обновлива енергија.

- Advertisement -

Енергијата од ветрот и хидроенергијата учествувале со 42%, односно 55% проценти од месечната потрошувачка на енергија. Усвојувањето на обновливите извори на енергија во Португалија и овозможи на нацијата да ја намали емисијата на jаглерод диоксид во водухот за 1,8 милиони тони. Просечната цена на енергијата на пазарот на големо, пак, се намали на 39,75 евра за мегават-час во споредба со 43,94 евра во истото време минатата година.

- Advertisement -

Според извештајот, се очекува дека до 2040 година електричната енергија во континенталниот дел од Португалија загарантирано ќе биде целосно од обновливи извори. Сепак, доколку има потреба, ќе се користат некои фабрики на природен гас. Освен тоа, се очекува Португалија до 2050 година да биде карбонски неутрална.

Сподели!
- Advertisement -