Мате Римац е лидер на компанијата за која изминатиот период пишувавме многу и нема кој не слушнал за неговиот автомобил-ѕвер C_Two со астрономска цена од речиси 2 милиони евра. Уште една прилика да го слушнете Римац и неговите иновативни идеи ќе биде светскиот конгрес WeAreDevelopers, кој се одржува во Виена од 16 до 18 мај, каде што Римац ќе одржи едночасовно предавање пред 8.000 луѓе. Темата за што ќе зборува уште ја држи во тајност.
Компанијата Rimac многумина ја нарекуваат генијален проект, особено затоа што е настаната на Балканот, простор кој традиционално нема слух за визионери и иновативни идеи. Токму затоа успехот на компанијата која годинава го претстави своето најголемо ремек-дело досега, моделот C_Two, на најголемиот саем за автомобили во Женева и успеа однапред да ја распродаде целата серија од 150 автомобили, е уште поголем.
Визијата на Римац и денес е недвосмислена, а тоа е да биде прв во развојот на супербрзи автомобили на електричен погон и да биде сериозен конкурент на пазарот за прецизни електрокомпоненти за други познати брендови како Koenigsegg.
Најголемиот европски настан за програмери и ИТ експерти, светскиот конгрес WeAreDevelopers 2018, со гордост го најави гостувањето на Мате Римац на главната бина во текот на вториот ден од конгресот. Во друштво на Римац на когресот ќе биде и соосновачот на Apple, Стив Вознијак.
Доколку сакате да го слушнете предавањето на Римац, за полесно планирање можете да ја користите агендата на конгресот на овој линк или да ја преземете официјалната конгресна апликација на Google Play или App Store.