Летово не само што се очекува рекорден број на посетители во Хрватска, туку се очекува и сличен рекорд во домашната софтверска индустрија. Имено, Дамир Сабол, основач на најуспешниот хрватски стартап досега, кој во 2006 година за околу 13,5 милиони евра го продаде својот стартап Iskon HT, во очекување е на 100-милионитото преземање на неговата мобилна апликација која решава математички задачи со фотографирање, пишува Poslovni Dnevnik.
Со сегашното темпо неговата апликација Photomath ќе стане првата хрватска мобилна апликација со 100 милиони корисници, а гледано пошироко, еден од малубројните производи на хрватската високотехнолошка индустрија со таков успех. Во индустријата за мобилен софтвер Photomath го надминува и Nanobit, инаку најуспешниот хрватски производител на мобилни игри. Пред него е единствено InfoBip, чии индустриски софтвери ги користат повеќе од 3,5 милијарди луѓе. Сабол вели дека е задоволен со постигнатиот успех.
„Да, многу добро стоиме со бројот на преземања, иако многу повеќе се фокусираме на бројот на активни корисници“ вели Сабол. Photomath настанал како интерен проект во рамките на втората компанија на Сабол, MicroBlink, која разви мобилна апликација која е најбрз скенер на документи во светот. Иницијално, камерата-калкулатор требало да биде само демонстрација на она што може да го направи технологијата на MicroBlink, кога ќе се употреби во некое специфично опкружување, на пример, решавање математички задачи.
Сепак, интересот на корисниците бил толку голем што еден ден откако Сабол премиерно го претставил Photomath на конференцијата TechCrunch Disrupt во Лондон веќе имал 110.000 корисници. Еден месец подоцна имало 8,5 милиони корисници, а 6 месеци подоцна имало повеќе од 14 милиони. За таквот прираст на корисници на почеток му требале 12 месеци, потоа 7 месеци, па 5, а моментално добива по 15 милиони нови преземања за 4 месеци со тенденција тоа да стане квартален просек.
„Поради сето тоа размислуваме од есен во пракса да истражуваме како може најдобро да се комерцијалзиира Photomath, a истовремено да остане достапен за што поголем број деца“ вели Сабол, но не открива точно што планира. Според се што е познато, извесно е дека комерцијализацијата ќе дојде со некои нови опции. „Битно ни е да расте борјот на корисници кои апликацијата ја користат секој ден или барем еднаш месечно. Сега ги има 15 милиони, најмногу во САД, Русија, Бразил и во Индонезија“ заклучува Сабол.