Instagram наскоро ќе ви покажува колку време поминувате на оваа социјална мрежа

- Advertisement -

Instagram работи на нова опција Usage Insights, алатка која ќе им помогне на корисниците да следат колку време поминуваат на апликацијата, пишува The Verge. Извршниот директор на Instagram, Кевин Систром, потврди во своите твитови на Twitter дека компанијата работи на алатка која ќе и помогне на Instagram заедницата да следи колку време го користи Instagram.

Instagram се приклучува на движењето за искористување на времето на најдобар можен начин откако минатата недела Google ги претстави новите контроли за менаџирање со времето. Нема никакви детали за тоа што ќе вклучува новата опција на Instagram, но ова е последната компанија во низата која се грижи за тоа како луѓето ги користат нивните производи.

- Advertisement -

Денес ширум светот има 800 милиони активни Инстаграм корисници, од кои 500 милиони секојдневно ја користат оваа социјална мрежа. На Инстаграм има 25 милиони активни бизнис корисници. Интересен е и податокот дека 80% од Инстаграм корисниците се надвор од САД.

Сподели!
- Advertisement -