Јапонски тур-оператори оваа недела ќе престојуваат во Македонија за да се запознаат со туристичките содржини и производи кои ги има земјава, а се атрактивни за јапонскиот туристички пазар.
Посетата е на иницијатива на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија, во соработка со Јапонската асцоцијација на туроператори (ЈАТA) и македонската Амбасада во Токио.
Претставниците на ЈАТА и нивните членки, туроператорите „ANA sales Co. Ltd”, „Nihombashi Yumeya Co. Ltd” и „Five Star Club Inc” ќе остварат и две бизнис средби со приватниот сектор од Македонија, во Скопје на 15 мај и во Охрид на 17 мај. Целта е директен контакт со македонските тур-оператори и можно почнување на соработка.
Јапонските тур-оператори денеска ќе ги разгледаат Скопје и околината, додека следнит неколку дена ќе ги вкусат македонските специјалитети од традиционалната кујна, ќе се доближат до локалното население и ќе посетат дел од македонските цркви и манастири.
Како што велат од АППТ, посетата е дел од иницијативата за проширување на македонскиот туристички производ, како во регионот така и на трети пазари.