Тргна на пат првата пловечка нуклеарна централа во светот – Академик Ломоносов

- Advertisement -

Контроверзната руска пловечка нуклеарна електрана „Академик Ломоносов“, која уште ја нарекуваат „нуклеарен Титаник“, на 19 мај тргна на првото поморско патување од пристаништето на Санкт Петерсбург во Русија. Електраната има два нуклеарни реактори од 35 мегавати, но нема погон, па мора да ја влечат два брода. Целта на пловечката нулкеарна електрана е да однесе енергија до Арктикот. Оваа електрана би требало да ја снабдува со енергија изолираната руска база на Арктикот, меѓутоа критичарите предупредуваат дека руската нуклеарка може да доведе до „Чернобил на мраз“.

Бродот ќе помине преку Балтичкото и Норвешкото Море за да дојде до руското пристаниште Мурманск, каде што ќе се наполни со гориво.  Оттаму на лето во 2019 година ќе тргне за Арктичкото Море, поточно за малиот арктички град Певек, со население од 5.000 жители, за да ја снабдува со струја и енергија руската база. Оваа електрана може да ја намали емисијата на јаглерод диоксид за 50.000 тони годишно.

- Advertisement -

Оваа електрана може да ги покрие потребите за енергија на околу 200.000 луѓе. Меѓутоа, критичарите предупредуваат дека може да дојде до нуклеарна катастрофа на мраз. Нуклеарниот експерт на Greenpeace за Централна и Источна Европа, Јан Хаверкамп, истакна дека сите првобитни планови за тестирање нануклеарката во Санкт Петербург пропаднале, па Lomonosov и понатаму претставува закана за животната средина.

„Тестирањето на нуклаерниот реактор во густо населена област како што е Санкт Петербург е во најмала мера неодговорно“ вели тој. Меѓутоа, како што истакна, тестирањето на нуклеарниот Титаник далеку од очите на јавноста нема да промени ништо.

- Advertisement -

„Нуклеарните реактори кои се борат околу Арктичкиот Океан претставуваа шокантна закана за кревката средина, која веќе е под голем притисок поради климатските промени. Овој потфат не е закана само за Арктикот туку потенцијално е закана и за други густо населени или загрозени природни региони“ додаде тој.

Се очекува во 2019 година да почне изградбата на втора пловечка нуклеарна централа. Властите на скандинавските земји, особено на Норвешка и Шведска, изразија загриженост поради опасноста да се случи несреќа на море, како и во текот на изградбата. Меѓутоа, тврдат дека се преземени сите мерки на претпазливост за да се спречи нуклеарна катастрофа.

- Advertisement -

 

 

Сподели!
- Advertisement -