Италијански научници го изолираа коронавирусот

- Advertisement -

Италијански научници од Националниот институт за заразни болести го изолираа коронавирусот, јавија италијанските медиуми.

„Ова е важна вест за цел свет. Ова создава повеќе можности за разбирање и проучување на вирусот за да се спречи негово ширење“, рекол италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанца.

- Advertisement -

Институтот во Рим резултатите ќе им ги стави на располагање и на други земји за да продолжи истражувањето. Светските експерти веќе се во трка за пронаоѓање на вакцина против коронавирусот.

Научниците од римскиот институт, исто така, испитуваат неколку случаи за кои се сомнева дека се коронавируси.

- Advertisement -

Во Италија се потврдени два случаи на коронавирус.

Сподели!
- Advertisement -