Хрватската пошта во понудата на својата интернет продавница Žuti klik вклучи домашни производи од семејни земјоделски претпријатија со што ќе го помогне во пласманот на домашни производи и ќе го поттикне руралниот развој, пишува Poslovni Dnevnik.
„Со најновата соработка со земјоделските претпријатија, хрватската пошта ги доближува малите земјоделски производители до купувачите ширум Хрватска, го поттикнува руралниот развој и помага во пласманот на домашни производи“, објавила Хрватската пошта.
Од поштата изјавиле дека ваквите производи најчесто претпријатијата си ги продаваат по личен пат, преку телефон или електронска пошта, малку од нив имаат веб страници, а уште помалку интернет продавница.
Поради ова, хрватската пошта им ја отстапила својата мрежа, како за интернет продажба, така и за достава на производите до купувачите и корисничка поддршка.
„Моментално се понудени шест категории на домашни производи – мед и џемови, чаеви, природна козметика, пакувани преработени производи, зимница и маслиново масло. Оваа понуда ќе се збогатува со зголемување на соработката со малите домашни претпријатија.“, изјавиле од Поштата.