Хрватската пошта ја проширува понудата – ќе нуди чаеви, козметика, маслиново масло

- Advertisement -

Хрватската пошта во понудата на својата интернет продавница Žuti klik вклучи домашни производи од семејни земјоделски претпријатија со што ќе го помогне во пласманот на домашни производи и ќе го поттикне руралниот развој, пишува Poslovni Dnevnik.

„Со најновата соработка со земјоделските претпријатија, хрватската пошта ги доближува малите земјоделски производители до купувачите ширум Хрватска, го поттикнува руралниот развој и помага во пласманот на домашни производи“, објавила Хрватската пошта.

- Advertisement -

Од поштата изјавиле дека ваквите производи најчесто претпријатијата си ги продаваат по личен пат, преку телефон или електронска пошта, малку од нив имаат веб страници, а уште помалку интернет продавница.

Поради ова, хрватската пошта им ја отстапила својата мрежа, како за интернет продажба, така и за достава на производите до купувачите и корисничка поддршка.

- Advertisement -

„Моментално се понудени шест категории на домашни производи – мед и џемови, чаеви, природна козметика, пакувани преработени производи, зимница и маслиново масло. Оваа понуда ќе се збогатува со зголемување на соработката со малите домашни претпријатија.“, изјавиле од Поштата.

Сподели!
- Advertisement -