Проектите кои кинески инвеститори ги имаат започнато во соседна Србија, имаат вредност од околу 3 милијарда евра. Кина досега има инвестирано околу 600 милиони евра во Србија, а се очекува трендот да продолжи со околу 160-200 милиони евра годишно, пренесува SEEbiz.
Со овие инвестиции, Кина успеа да ја помине Русија на листата на најголеми инвеститори во Србија, искачувајќи се на шестото место со вложени 177,3 милиони евра за една година.
Кога се работи за трговска размена со Кина, ниту една земја не надминува 1% учество во трговијата со оваа држава. Минатата година, Кина на Балканот имала трговска размена од 0,32%, а со околу 16 земји од Централна и Источна Европа, со околу 1,77%.
Кинеските компании се интересираат за сопственички вложувања во српски компании и нивна докапитализација, а според информациите од Економскиот институт во Белград, се очекува Кина наскоро да дојде меѓу првите три најголеми инвеститори во Србија.