Откако ја изгуби титулата најпосетен музеј во светот во 2016 година, Лувр годинава повторно се најде на врвот на листата.
Музејот Лувр во Париз минатата година беше најпосетен музеј во светот. Според податоците, најмногу посетители имале европските музеи. Од 20 најпосетени музеи во светот дури 10 се наоѓаат во Европа, а дури 5 во Лондон.
Во САД се наоѓаат шест од најпосетените музеи во светот, поточно во Њујорк и во Вашингтон. Тоа се Националниот музеј за авијација и астронаутика, Метрополитен, Националниот музеј на историја на природата, Националната галерија на уметност, Американскиот музеј на историја на природата и Националниот музеј на американската историја.
Втор најпосетен музеј во светот е Националниот музеј на Кина во Пекинг. Најголем пораст на бројот на посетители се забележува кај азиските музеи. На листата со најпосетени музеи се најдоа и Музејот на наука и техника во Шангај, Националниот кралски музеј во Тајпеј и Музејот на наука и технологија во Пекинг.
Од европските музеи на листата се наоѓаат и Британскиот музеј во Лондон, музејот Тејт во Лондон, Националната галерија во Лондон, Музејот на национална историја во Лондон, музејот Ермитаж во Санкт Петерсбург, Реина Софија во Мадрид, Музејот на Викторија и Алберт во Лондон и центарот Помпиду во Париз.