Кинези го купуваат Gorenje

- Advertisement -

Кинеската групација Нisense денес објави дека е подготвена да плати 12 евра за акција на Gorenje и да се стекне со мнозински удел во словенечката компанија. Европската подружница на Hisense, Hisense Luxembourg Home Appliance, претходно на слободен пазар купи 32,95% од акциите на Gorenje, а нејзината понуда се однесува на останатите акции. Рокот за прифаќање на понудата е 26 јуни, пишува Poslovni Dnevnik.

„Hisense ќе ја зачува стабилноста на управувањето и работните места на Gorenjе, како и долгорочниот развој на компанијата, а седиштето ќе остане во Велење“, објавија од Hisense во соопштение за јавноста, наведувајќи дека преземањето ќе го финансираат од сопствени извори и дека од идното стратешко партнерство и двете компании ќе имаат двострана корист и интерес.

- Advertisement -

„Hisense и Gorenje имаат многу комплементарна дејност на полето на белата техника и забавната електроника и така можат да создадат голема стратешка синергија“, додаваат од кинеската компанија и потенцираат дека во Велење планираат да отворат центар за истражување и развој и производно седиште на Hisense за Европа.

Кинеската групација Hisense е еден од најголемите производители на телевизори и апарати за домаќинство во светот, а според нивните податоци, во повеќе од 20 подружници во светот вработуваат околу 75.000 луѓе. Gorenje пред три недели објави дека од трите потенцијални стратешки партнери кои дале понуди го избрале Hisense Electric. Условот кој го постави кинескиот производител е да добие мнозински удел во Gorenjе – најмалку 50% плус една акција.

- Advertisement -

Според понудената цена од 12 евра по акција, целосната капитализација на словенечкиот концерн со производни погони во Чешка и во Србија ќе изнесува 293 милиони евра.

Сподели!
- Advertisement -