Хамбург е првиот германски град кој забрани дизел возила на две сообраќајници

- Advertisement -

Во Германија неколку месеци интензивно се дебатира за влијанието кое дизел возилата го имаат во однос на загадувањето, па Сојузниот управен суд дозволи можност да се забранат дизел возила. Првиот град кој ја воведе забраната е Хамбург каде од 1 јуни, постари возила на дизел ќе треба да избегнуваат одредени сообраќајници.

- Advertisement -

Како што пишува Poslovni Dnenvik,  се работи за дизел возилата кои во најдобар случај се категоризирани според стандардот Euro 5 кои од пред неколку години веќе не се нудат ниту за продажба во Германија. Според правилото, дизел возилата кои имаат мотори со вградено техничко прочистување (пазарниот назив за овие возила е „blue”, „bluetec” и сл.) се категоризирани во Euro 6 и за нив нема такви ограничувања.

Забраната моментално важи на две сообраќајници каде секогаш постои метеж во сообраќајот во квартот Алтон Норд. Се работи за 580 метри пат од делницата Макс Брауер каде се забранети сите лични и товарни возила со мотор на дизел од категоријата Euro 5 или пониско, како и делницата Штресеманштрасе која е долга 1,6 километри каде забраната се однесува на дизелски товарни возила. Правилото не важи за граѓаните кои живеат на овие улици.

- Advertisement -

Откако е воведена забраната, се случува полицијата да ги запира и дизел возилата кои се од категоријата Euro 6 но само поради тоа што немаат како да покажат дека за нив не важи правилото освен ако не ја покажат сообраќајната дозвола. За почеток додека возачите да се навикнат, првата казна ќе биде само опомена, а потоа ќе се применува казна од 25 евра за лични и 75 евра за товарни возила.

Сподели!
- Advertisement -