Светозар Јаневски, претседател на управниот одбор на Тиквеш, е личност на годината за Југоисточна Европа

- Advertisement -

Претседателот на управниот одбор на ВВ „Тиквеш“ и член на инвестициската група М6 – Светозар Јаневски е добитник на годинешната награда за личност на годината во Југоисточна Европа –  SEE Personality 2018.

Добитници на оваа специјална награда која се доделува во рамки на Фестивалот „SEE a Paris“ се истакнати личности од регионот кои со своето делување и поддршката што ја обезбедуваат за културата, уметноста и останатите значајни општествени дејности значително придонесуваат за негувањето на европските вредности и севкупната европеизација на регионот на Југоисточна Европа.

- Advertisement -

На осмото издание на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа – “SEE a Paris”, кое се одржа од 30. мај до 2. јуни во Париз, Франција, се прикажаа голем број играни, кратки, документарни и анимирани филмови од 15 земји од регионот, што беше одлична можност за презентирање на  достигнувањата во областа на филмската уметност од сите земји во Југоисточна Европа, меѓу кои и од Република Македонија. Признанието на господинот Јаневски му беше доделено на церемонијата на доделување на наградите која се одржа на 2.јуни во амфитеатарот на INALCO, Paris Cite Sorbonne.

Инаку, од оваа година овој фестивал се одржува под покровителството на Министерството за култура на Франција.

Сподели!
- Advertisement -