Еве како Франција натера 1 милион луѓе да се откажат од пушење

- Advertisement -

Франција успеа да натера еден милион луѓе да се откажат од пушењето само во текот на минатата година. Се прашувате како го направи тоа? Француската влада воведе многу нови мерки против пушењето. Една од нив е забраната за пушење на јавни површини како што се парковите за деца. Потоа, воведе национален месец без тутун и многу едноставни и обични пакувања за цигари.

Покрај тоа, стартуваше и многу национални кампањи за популаризација на проблемот. Друга мерка која навистина ги поттикна луѓето да се откажат од пушењето се паричните надоместоци за тие што ќе се откажат од пушење тутун и ќе се префрлат на замени за никотин.

- Advertisement -

Сето тоа резултираше со пад на бројот на млади машки пушачи од 44% на 33%. Сега бројот на пушачи од луѓето со ниски примања падна од 39% на 34%, а бројот на невработени кои пушат се намали од 50% на 44%. Франција има посебен фонд на борбата против пушењето. Сепак, во земјата и понатаму има 12,2 милиони пушачи.

Тутунот годишно на глобално ниво убива повеќе од 7 милиони луѓе. Дали оваа стратегија на француската влада би функционирала во други земји во светот?

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -