Еве една иновација и кај метрото за мерење. Rollova е дигитално метро кај кое нема никаква лента, не мора да одите од крај на крај на просторијата за да измерите нешто или да тегнете со раце додека влечете. Метрото има ОЛЕД дисплеј кој го поминувате преку површината што сакате да ја измерите, при што може да мери и нерамни и закривени површини. А сите резултати ќе ви ги прикаже моментално!
Можеби изгледа комплицирано да се сфати како функционира, но битно e дека го олеснува животот, пишува New Atlas. Сепак, има една Ахилова пета, а тоа е што мора внимателно да притиснете на копчето и да го влечете по површината што ја мерите за да добиете прецизни резултати. Долго е само 5 см, а широко 1,25см и може да мери растојание до 10 метри.
Моментално е во тек кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter, која веќе трикратно ја надмина првичната сума од 25.000 долари. Доколку ја поддржите кампањата, можете да добиете метро Rollova за 49 долари. Се очекува дека првата тура од производот ќе биде доставена во август 2018 година.