Франција забранува употреба на мобилни телефони во основните училишта

- Advertisement -

Француските ученици зависни од мобилни телефони ќе мора во училиштата да преживеат без телефон поради нацрт-законот што го претстави вчера министерот за образование, Жан Мишел Бланке, како мерка за детоксикација и борба против злоупотреба и дефокусираност, пишува Zimo.

Францускиот претседател Емануел Макрон, чија партија има убедливо мнозинство во собранието, се надева на брзо усвојување на мерките во парламентот и навремено воведување пред стартот на идната учебна година во септември. Основни училишта без мобилни телефони е едно од предизборните ветувања на Макрон. Повеќе од 90% од децата во Франција постари од 12 години поседуваат мобилен телефон.

- Advertisement -

Оваа француска иницијатива покрена расправа и во други држави како Велика Британија или Ирска, кои почнаа да размислуваат за слични мерки. Мобилните телефони претставуваат технолошки напредок, но не смеат да го монополизираат нашиот живот. Не можете да се снаоѓате во технолошкиот свет ако не читате, пишувате, не работите на компјутер и не ги почитувате другите, изјави францускиот министер.

- Advertisement -

Новото правило ќе се однесува и на наставниците, бидејќи владејачката партија во последен момент со амандман го дополни предлог-законот. Некои учители јавно се спротивставија на ова вклучување во законот, тврдејќи дека тоа е навреда за возрасните и дека претставува безбедносен ризик затоа што на учителите им се потребни телефони во случај на непредвидени ситуации.

Поборниците на мерката тврдат дека употребата на паметни телефони кај децата и младите ја влошува злоупотребата на Интернет, го олеснува пристапот до порнографија и ја поткопува способноста за социјална интеракција. Меѓу останатите причини за новото правило се наведуваат кражбата на мобилни телефони, рекетарењето и опсесијата со модни марки, објасни министерот Бланке.

Сподели!
- Advertisement -