Greenpeace откри дека и Антарктикот е загаден со микропластика

- Advertisement -

Во седум од осум примероци кои активисти од Greenpeace ги земале од Антарктикот и ги анализирале на почетокот на годината, се откриени трагови од микропластика и хемикалии кои потекнуваат од текстил или рибарски мрежи.

Отровни хемикалии се пронајдени и во осум од девет примероци од снег од различни места на Антарктикот кои исто така биле анализирани, објави организацијата во четвртокот во Хамбург.

- Advertisement -

„Антарктикот се чини како недопрена околина, но дури и тој крај од светот е веќе загаден од отровите од текстилната индустрија и остатоци од пластичниот отпад.“, истакнал Тило Мак, експерт за океани од Greenpeace.

Greenpeace нагласи дека за разлика од Арктикот, спроведени се многу помалку истражувања на Антарктикот. Но велат дека загадувачите доаѓаат до таму бидејќи ги носи ветрот и морските струи, каде ќе се задржат и неколку децении. Преку ланецот на исхрана може да завршат во желудниците на животни како пингвините или китовите.

- Advertisement -

„Секаде во нашите океани може да се пронајде пластика, од Антарктикот, преку најдлабоките океански бразди до Арктикот. Владите мора да иницираат и имплементираат мерки на ниво на производство со цел овие загадувачии воопшто да не се појавуваат во океаните“, заклучуваат од организацијата.

Сподели!
- Advertisement -