Невролог објаснува зошто вашата прва идеја ретко кога е најдобрата

- Advertisement -

Наречете го тоа ефикасност или мрзеливост – но, мозокот не сака да троши многу енергија. Побарајте од мозокот да реши некој проблем и ќе ви даде решение кое е најлесно остварливо, a не најдобро. Тоа го тврди Дејвид Еглмен, невролог од Бејлор колеџот за медицина и домаќин на шоуто The Brain.

Иглмен објасни дека во својата лабораторија тој користи едноставни вежби кои ги позајмил од Томас Едисон за да ја надмине мрзеливоста на мозокот, пишува Business Insider. Кога и да му постави некој проблем на некој од членовите на тимот во лабораторијата, од нив секогаш бара да му најдат 10 решенија, а не само едно. Тоа го прави затоа што првата идеја која ќе му ја кажат речиси никогаш нема да биде најдобрата, туку ќе биде наједноставната.

- Advertisement -

„Мозокот оди по линија на најмал отпор затоа што е најефикасен“ објаснува Иглмен. За да го илустрира феноменот Иглмен ги прашал сите во публиката на самитот да се замислат себеси на плажа на зајдисонце. Кога прашал колкумина си ги замислиле пената на брановите или кокосите кои висат од дрвјата, никој не ја дигнал раката. Нивните мозоци генерирале слики кои се што е можно поедноставни, иако се точни.

- Advertisement -

„Клучот на иновирањето е да не верувате во првиот одговор што ќе ви текне и да барате друг. Вратете го назад првиот одговор за да добиете нешто подобро од таа богата мрежа која ја имате во мозокот“ додаде Иглмен.

Ова објаснување на Иглмен е во согласност со најновото истражување на психологот Адам Грент од колеџот Вортон, кој откри дека најголемите иноватори немаат секогаш најдобри идеи туку се поупорни од другите и бараат повеќе идеи.

- Advertisement -

Тоа значи дека доколку сакате вашиот тим да ви помогне на пазарот да пласирате нов производ, не барајте од нив да ви дадат само едно решение затоа што најверојатно нема да биде добро. Наместо тоа, од нив побарајте барем 10 можни стратегии и една од нив би можела да биде револуционерна.

Сподели!
- Advertisement -