Словенија нема работници! До крајот на годината се отвораат 20.000 нови работни места

- Advertisement -

Во Словенија моментално, 70% од компаниите бараат нови вработени, а според агенцијата Manpower причината за тоа е што работодавачите не можат да пронајдат квалификувани работници.

Како што пренесува Poslovni Dnevnik, работодавачите кои биле дел од истражувањето, за во следнава половина година предвидуваат 3% раст на вработувањата и 31 200 слободни работни места, од кои околу 20 000 ќе бидат нови. Бројот на вработени во Словенија се зголемува од 644 600 на 664 000.

- Advertisement -

Најмногу охрабруваат прогнозите за во секторот градежништво, каде се предвидува раст на вработувањето од 10,4%, а потоа следуваат административните и помалку платените услужни дејности, како и во секторот на недвижнини.

Работодавачите во следниве шест месеци најмногу ќе бараат работници за едноставни работни место во производството, возачи на камиони и трактори, продавачи, заварувачи итн. Според резултатите на истражувањето, со недостатокот од работници кои ќе одговараат за работните места се соочиле повеќе работодавачи во минатата половина година, односно вкупно 46% од нив. Проблемите се поголеми кај поголемите компании од кои 70% се соочуваат со кадровски проблеми.

- Advertisement -

Работодавачите не се ни многу оптимисти, со тоа што дури 85% од нив одговориле дека очекуваат ваквата состојба да продолжи, односно да продолжат да имаат проблеми со пронаоѓањето на квалификувани работници. 11% од работодавачите одговориле дека очекуваат да се зголеми вработувањето, а 2% очекуваат помалку вработувања.

„Компаниите кои нудат подобри плати и подобри работни услови им ги преземаат работниците на оние кои овие нешта не ги овозможуваат со што се намалува стапката на раст на нови вработувања.“, изјавила директорката на агенцијата за вработување Кариера, Тилен Прах.

Сподели!
- Advertisement -