Илон Маск основаше експериментално приватно училиште за своите синови и локални деца-гении

- Advertisement -

Доколку нешто не му се допаѓа на Илон Маск, тој ќе направи сопствена верзија. Токму тоа го направи со образованието на своите деца. Основаше ултра-ексклузивно училиште во седиштето на SpaceX во Калифорнија. Во текот на изминатите четири години во непрофитното експериментално училиште се образуваат неговите пет сина, децата на некои вработени во SpaceX и повеќе надарени ученици од Лос Анџелес, пишува DailyMail.

Училиштето применува некои некoнвенционални методи на учење. Учениците можат да не ги учат предметите што не ги сакаат, да прават фрлачи на пламен како тие што ги произведува SpaceX или да се борат против „лошата вештачка интелигенција“. Иако за училиштето се знае веќе некое време, сепак информациите се чуваат во тајност без профили на социјални медиуми или некаков јасен процес за аплицирање.

- Advertisement -

Училиштето се вика Ad Astra, што на латински јазик значи „до ѕвездите“, а учениците таму имаат просечна возраст од 10 години. Откако беше основано во 2014 година, Ad Astra се пресели од вила во јужна Калифорнија, до седиштето на SpaceX.

Маск го основаше училиштето за да ја надмине традиционалната метрика на училиштата, за сите релевантни училишни предмети, преку уникатен проект базиран на процес на учење преку искуства. Тој го основаше училиштето за своите 5 сина; двајцата близнаци кои ги има со неговата поранешна жена Џастин, Грифин и Ксавиер (12 години) и тројката зачната со вештачко оплодување Демиан, Саксон и Кај (10 години)

- Advertisement -

Целта на Маск со новото училиште е да ги научи учениците со посебен сет од вештини наместо да се придржуваат на некој конкретен распоред. Атмосферата таму, според информациите, е како во некој бизнис инкубатор. Во училиштето има хемиска лабораторија, бели ѕидови и Mac лаптоп за секој ученик, а камион со храна доаѓа по завршување на часовите. Школарината ја плаќа Илон Маск, а според некои информации, тој во Ad Astra инвестирал по 475.000 долари во 2014 и 2015 година.

Учениците таму можат да користат сопствена парична валута и да не ги учат предметите кои не ги обожаваат. Акцент се става на математика, инженерство и етика. Предметите како музичко и спорт не се стандардни, исто како и јазиците. Нема оценување и големо внимание се обрнува на изучувањето на вештачката интелигенција и роботиката затоа што Маск верува дека интелигентните машини се поголема закана за човештвото отколку нуклеарното оружје.

- Advertisement -

Правиме симулации со вештачка интелигенција, кое е битно прашање со кое ќе се занимаваат децата во иднина. Зборуваме за регулација на вештачката интелигенција, на цели држави или корпорации“ велат наставниците.

Сподели!
- Advertisement -